Јапонските научници од медицинскиот сектор на Воената академија во Токорозава направија вештачка крв која одговара на сите крвни групи.
Тие истакнуваат дека крвта може да биде складирана до година дена на собна температура. Истражувачкиот тим тестовите ги направи на болни зајаци кои изгубиле големи количини на крв.
Истражувањето се покажа како успешно и сега се надеваат дека крвта ќе биде корисна и за болни луѓе.
Јапонските научници тврдат дека зајаците кои успешно го поминале експериментот, немаат негативни нуспојави од вештачката крв. Професорот Манабу Киношита тврди дека вештачката крв ќе спасува и човечки животи.
Вештачката крв се состои од тромбоцити и црвени крвни ќелии. Откритието го објавија во американското медицинско списание TRANSFUSION Journal.
Извор: Mondo.rs
Поврзани артикли