Основачот на компанијата Oculus, Palmer Luckey и неговата компанија Anduril Industries креираа дрон наречен Интерцептор, чија задача е соборување на несаканите беспилотни летала.
Со дронот Interceptor управува човек во време кога напаѓа друго летало, но може да се користи и AI технологфија за автоматско барање на цели. Компанијата Anduril Industries почна да испорачува Интерцептори во САД и Велика Британија претходно оваа година, а планира да произведе околу стотина. Најновиот договор ќе им овозможи на Интерцепторите да се најдат во зоните на конфликт, но не е соопштено каде.
Сепак, критичарите ја обвинија спомената компанија дека има улога во контроверзната политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон имиграцијата со развивавање на технологијата за надзор на границата помеѓу САД и Мексико, а сега развила и оружје.
Интерцепторот се промовира како средство за одбрана која може да спасува животи, а не да ги зема. Истовремено, неговата автоматизирана природа загрижува поради потенцијална злоупотреба. Интерцепторот соборува други дронови, така што се залетува во нив со голема брзина.