Xiaomi во јули ја претстави својата нова CC серија телефони, која ја сочинуваат CC9, CC9e и CC9 Meitu Edition моделите. Mi CC9e е објавен и на меѓународните пазари, каде се појави како Mi A3, додека Mi CC9 на глобалниот пазар пристигна како Mi 9 Lite.
Сега најновите информации сугерираат дека CC линијата ќе добие уште еден член, под името Mi CC9 Pro. Телефонот би требало да има закривен екран и 108MP ISOCELL Bright HMX сензор на Samsung за камерата.
Xiaomi Mi CC9 Pro би требало да го користи Snapdragon 730G чипсет. Се очекува дека телефонот ќе биде претставен на 24. октомври, кога ќе дознаеме и повеќе детали за уредот.