HP ја претстави годинашната освежена верзија на својот Spectre x360 13 лаптоп. Уредот имплементира доста измени и подобрувања, а некои од нив се помалите вкупни димензии благодарение на намалените рамки од горната и долната страна. Веб камерата е сместена во тенката горна рамка, заедно со IR камерата.
Покрај ова, Spectre x360 моделот од 13 инчи сега добива опционален 4K OLED дисплеј. HP во текот на годинашниот CES саем ја претстави оваа опција за 15-инчната верзија на својот x360 лаптоп, а сега 4K пристигнува и на помалиот модел. Со 4K екранот се очекува приказ на вистински црни нијасни и поживописни бои. Тоа се профили на бои, така што е лесно да се подеси екранот во зависност од она што се прави.
Оние кои не сакаат OLED displej, Spectre x360 13 можат да го добијат со FHD Sure View Gen3 екран.
Процесорот на лаптопот пристигнува од Intel Ice Lake семејството, а во прашање е нов 10nm чипсет со Iris Plus графика. Можно е да се избере модел до 15W Core i7-1065G7. Новиот HP Spectre x360 13 лаптоп ќе се најде на пазарот од октомври, по почетна цена од 1099. долари.