Google денеска ја прославува својата 20-годишнина. Гигантот е симбол на некои од најимпресивните иновации во последниве децении, кои секојдневно ни штедат драгоцено време, има причини за прослава. Приказната за Google започна кога Сергеј Брин и Лари Пејд го лансираа својот пребарувач за да им помогнат на луѓето со содржините на интернет.

Нивната главна цел беше да направат технолошко средство достапно за сите луѓе во целиот свет. Компанијата денеска има илјадници сервери низ целиот свет кои се занимаваат со милиони пребарувања дневно. Во чест на 20-годишнината на Google, еве неколку интересни факти за пребарувачот кој можеби не сте ги знаеле:

  • Сегашното официјално лого на Google е во употреба од 1 септември, 2015. Компанијата го смени своето лого само еден месец по големото преструктуирање.
  • Новото лого, како и претходно, е лого на производите на компанијата.
  • На 30 декември 2005 година, по истражувањето на корисниците на CNN, создавањето на Google беше наречено најзначајното откритие од создавањето на Интернетот.
  • Во празнични денови и родендени на познати личности, при важни настани, како што се Олимписките игри, Google го менува логото со така наречените Doodle.
  • Пребарувачот индексира милијарди кориснички барања во повеќе од 190 земји, поддржувајќи повеќе од 150 јазици ширум светот.