YouTube креаторот Мајкл Бенет, кој го води каналот “Nugget Noggin“ и снима содржини во кои ги истражува подводните пространства во потрага по скриени драгоцености, од време на време пронаоѓа и нешто интересно, како функционален iPhone уред кој поминал одредено време под вода.
Имено, Бенет пред неколку дена на дното на реката Едисто во Јужна Каролина пронашол iPhone во водоотпорна футрола и успеа да му го врати на сопственикот. Откако ја отворил футролата, снимателот на сопствено изненадување утврдил дека телефонот се уште работи, а сопственичката подоцна откри дека останала без уредот на 19. јуни, 2018. година.
Телефонот по повеќе од една година е вратен кај сопственичката, заедно со фотографиите и пораките, кои останале сочувани, иако уредот толку долго бил под вода.
Поврзани артикли