Microsoft од денеска им овозможува на корисниците да се најавуваат на своите Windows сметки, користејќи сигурносни клучеви или Windows Hello.

Како што поминува времето, се е појасно дека потпирањето на лозинките вусшност не е најдобар начин нашите онлајн профили и сметки да бидат безбедни. Повикувајќи се на зголемување на безбедноста, голем број компании почнаа да се насочуваат кон двостраната автентикација или најава без лозинка, а сега Microsoft го додаде своето име на таа, се поголема листа. Почнувајќи од денес, Microsoft им овозможува на корисниците да се најавуваат на своите Windows сметки, користејќи сигурносни клучеви или Windows Hello.

Попрецизно, Microsoft им дозволува на корисниците да ги користат безбедносните уреди FIDO2 за најавување без лозинка. Ако не сакате да купите посебен сигурносен клуч, исто така можете да го користите Windows Hello за да извршите биометриско пријавување со лицето, зениците на окото или отпечатоците од прсти. Секако, можете да ја користите и апликацијата Microsoft Authenticator за да се пријавите, но оваа функционалност веќе постои во рамките на Windows.

Како што е објаснето во пост на блогот на Microsoft, подесувањето на внесот без лозинка е прилично едноставен процес, но има неколку барања. За почеток, ќе морате да го стартувате и ажурирате оператиовниот систем Windows 10 на October 2018 Update, што е најнова надградба достапна за овој систем. Засега Microsoft поддржува само најавување без лозинка преку Microsoft Edge, па ако сте на друг веб-прелистувач, ќе морате малку да се стрпите.

Под претпоставка дека ги исполнувате тие услови (и имате компатибилен FIDO2 клуч), се што треба да направите е да се најавите на својата Microsoft сметка преку Edge браузерот, а потоа да одите во менито Подесувања – Безбедност. Оттука изберете ја опцијата “Повеќе опции за безбедност”, а потоа “Windows Hello и сигурносни клучеви”, по што ќе поминете низ процесот на поставување безбедносен клуч. Кога ќе се најавите, едноставно кликнете на “Уште опции”, а потоа – веќе претпоставувате – “Користете го безбедносниот клуч”.