Microsoft на 2. октомври ќе претстави нова генерација на Surface Pro и Surface лаптоп моделите, а во меѓувреме се појавија промотивни фотографии од двата уреда.
Фотографиите наменето за промоција на лаптопите, сепак, не откриваат премногу за моделите кои ќе ги видиме на утрешниот медиумски настан. Делува дека Surface Pro 7 и новиот Surface лаптоп нема да пристигна со премногу измени во однос на своите претходници, барем кога е дизајнот во прашање, но се очекува надградба на полето на хардверот.
Извештаите од порано сугерираат дека Surface Pro 7 би можел да има две верзии, од кои една би го задржала дизајнот на неговиот претходник. Втората варијанта би имплементирала поголем редизајн, со помали рамки. Двата модела ќе имаат хардвер од најновата генерација и можно повеќе RAM и простор за складирање.
Кога е во прашање лаптопот, најголема измена оваа година е доаѓањето на модел од 15 инчи. Поголемиот лаптоп би можел да користи AMD чип, што би било прв пат за Microsoft Surface линијата уреди.
Поврзани артикли