Microsoft ја претстави услугата Windows Virtual Desktop, која од 1. октомври ќе стане достапен насекаде во светот. Интернет џинот од Редмонд, исто така, нуди нови можности и детали кога е во прашање виртуелизацијата.
Microsoft официјално го објави Windows Virtual Desktop (WVD) во септември 2018. година, додека во март оваа година WVD издаде public preview. Од Microsoft напоменуваат дека илјадници компании го пробале новиот алат, кој сега е подготвен за употреба. Сега WVD е подготвен на Windows, Android, Mac, iOS и HTML5.
WVD е сервис кој овозможува Windows 10 виртуелизација, заедно со Windows 10 можности и поддршка за Windows Server RDS десктоп и апликации. WVD ќе им овозможи на корисниците да ги виртуелизираат Windows 7 и 10, Office 365 ProPlus и други апликации од трети страни, кое е можно да се стартуваат на далечина од Azure.
Microsoft, исто така, им објави на WVD корисниците дека имаат можност да ги виртуелизираат Windows 7 десктоп компјутерите – со бесплатна надградба и апдејти до јануари 2023. Ова значи дека корисниците кои ќе го набават и лиценцираат WVD, би можеле да добиваат сигурносни апдејти за Windows 7, откако Microsoft официјално ќе ја прекине поддршката по 14. јануари, 2020. година.
Поврзани артикли