Системот е опремен со термални камери со чија помош се следи нивото на крвниот притисок, камера што го следи движењето на рацете на возачот и микрофон што го следи тонот на гласот на возачот.
Компанијата Huawei објави дека успешно патентира детектор на стрес на патиштата, односно систем за препознавање и мерење на нивото на стрес кај возачите кој е интегриран во внатрешноста на возилата и кој значително го зголемува нивото на безбедност во текот на возењето.
Системот е опремен со термални камери со чија помош се следи нивото на крвниот притисок, камера што го следи движењето на рацете на возачот и микрофон што го следи тонот на гласот на возачот. Споменатата технологија е патентирана во сегментот „иднината и паметните возила“, со оглед на тоа што таквите иновативни решенија стануваат можни во возилата на иднината опремени со 5Г-технологија.
Системот препознава и различни гестови што ги користат луѓето под стрес, како и промената во тонот на гласот, па дури и при употреба на одредени изрази. На пример, ако возачот покажува тупаница или среден прст, автомобилот автоматски ќе ја намали брзината. Истото ќе се случи ако возачот користи пцости, закани, навреди или ако почне да ја удира внатрешноста на возилото.
Huawei веќе некое време сериозно размислува да примени различни сензори во возилата за да ги охрабри возачите да возат мирно и да избегнуваат алкохол. Ова значително ќе го намали бројот на сообраќајни несреќи и ќе резултира со помала стапка на смртност.
Извор: Express.hr