Астрономите пронајдоа џиновска планета која според нив не би требало да постои.
Планета слична на Јупитер е невообичаено голема во споредба со ѕвездата околу која кружи, што е контрадикторно со досегашните сознанија за тоа како доаѓа до формирање на планетите.
Ѕвездата која од нас е одалечена 284 трилиони километри е црвено џуџе од спектралниот тип М, што е најчест тип во нашата галаксија.
Тие користеа телескопи во Шпанија и САД, за да го следат гравитациското забрзување на ѕвездите кои би можеле да бидат предизвикани од планетите кои се движат околу неа.
Црвеното џуџе има поголема маса од планетата која орбитира околу него, а која е наречена GJ 3512б. Разликата помеѓу нивната големина е помала од онаа на Сонцето и Јупитер.
Ова откритие ја доведува во прашање широко прифатената идеја за формирање на планетата, позната како акреција на јадрото.
„Обично мислиме дека џиновските планети настануваат од ледено јадро кое орбитира далеко во дикс од гасови кои ја опкружуваат младата ѕвезда, а потоа таа брзо расне привлекувајќи ги гасовите кон себе. Но, авторите тврдат дека дисковите околу малите ѕвезди немаат доволно материја за ова. Наместо тоа, сметаат дека најверојатно планетата се формирала откако дел од дискот се срушил поради сопствената гравитација“, вели професорот Витли.
Извор: Vijesti.ba