За една недела ќе имаме прилика да ги видиме наследниците на Redmi Note 7 серијата телефони. Подбрендот на Xiaomi сега го прикажа Redmi Note 8 во видео со еден рок бенд, чиј тапанар истакнува: “Можете да видите уште поубав свет со камера од 64 мегапиксели”, која се очекува на Pro моделот.

Се очекува дека покрај Note 8 серијата телефони, Redmi на 29. август ќе претстави и 70-инчен Smart TV, кој ќе биде прв за овој бренд.

Повеќе спецификации и функции на Redmi Note 8 и Redmi Note 8 Pro моделите би можеле да следуваат во наредните денови, но се верува дека Pro верзијата ќе го користи 64 MP сензор на Samsung за главна камера, додека стандардниот Note 8 ќе користи 48MP ISOCELL Bright GM2 сензор.