Охриѓани ја добија првата паметна соларна клупа, која е поставена во дворот на хотел „Инекс Олгица“.
Станува збор за клупа која на делот за седење има соларни панели, кои сончевата ја претвораат во електрична енергија, со што се придонесува за зачувување на животната средина.
Поради ова, таа не е само објект за одмор, туку паметен уред каде може да се наполни батеријата на паметен телефон или лаптоп, да се добијат локални податоци за квалитетот на воздух, нивото на бучава, температурата и сл.
Градовите кои имаат аспирации да станат паметни, да го намалат загадувањето и да им овозможат на своите жители полесно движење и размена на информации, веќе извесно време ги користат овие клупи.
Од фирмата која e генерален застапник за ваквите клупи очекуваат во иднина истите да бидат поставени пред повеќе институции, трговски центри и на други јавни локации низ државата.
Поврзани артикли