Во рамки на Huawei AppGallery веќе може да се најде и симне апликацијата Viber за сите корисници на смартфоните од серијата Mate 30, како и на останатите Huawei телефони.
Кинескиот технолошки гигант Huawei се најде среде трговската војна меѓу САД и Кина и остана без Google апликациите и лиценциран Android за телефоните од серијата Mate 30 што ја промовираше минатата недела.
Mate 30, Mate 30 Pro и Mate 30 RS Porsche Design ги имаат на располагање Huawei Mobile Services и продавницата за апликации Huawei AppGallery.
AppGallery веќе некое време се испорачува на Huawei смартфоните и оваа виртуелнс продавница содржи апликации посебно прилагодени на уредите на Huawei.
Добра вест за сите корисници на новите, но и на старите Huawei уреди е дека некои од познатите апликации од Google Play Store веќе се најдоа и на AppGallery, а едно од најзвучните имиња секако е Viber.
Покрај апликацијата Viber, корисниците наводно наскоро ќе ги имаат на располагање во AppGallery и Facebook, Messenger, Instagram и WhatsApp, a Huawei најави доаѓање и на многу други звучни имиња.
Компанијата исто така најави дека ќе вложи 1 милијарда долари во развој на екосистемот Huawei Mobile Service.
Извор: Mondo.rs