Британскиот авантурист Џејмс Кечел (37) е првиот човек кој го обиколил светот со жирокоптер, летало кое претставува еден вид комбинација од хеликоптер и авион.
Тој со ова мало летало, чија кабина е целосно отворена, прелетал 24.000 наутички милји.
Кечел од Велика Британија полетал во март, ги преминал Европа, Русија и пристигнал во САД преку Канада.
View this post on InstagramA post shared by James Ketchell (@ketchelljames) on
Месецов се вратил во Британија од каде го почнал ова необично патешествие.
Жирокоптер е вид летало кое лебди со помош на ротирачко крило – ротор.
Роторот не е постојано директно поврзан со моторот на леталото, а на земја придвижувањето на роторот се иницира со „предротација“ каде погонот се добива од моторот, кој преку редуктор е поврзан за потисна елиса што на леталото му овозможува да постигне доволна брзина.
Оваа брзина е клучна за постигнување на доволен број вртежи на роторот, а во текот на летот од струењето на воздухот доаѓа до појава на авторотација.