Потребни ви се неколку минути за на најмоќниот телефон на Huawei да го инсталирате Google Play и да добиете пристап до сите апликации како и кај останатите Android уреди.
После американските санкции, кинескиот технолошки гигант Huawei се соочи со сериозен удар, па така најновиот флегшип Mate 30 нема дозвола за користење на апликациите на Google.
Иако работи на верзија на Android, сепак без Google Play јасно е дека освен во Кина, тој уред нема да привлече големо внимание.
Но, сепак за тие што ќе го купат овој телефон, а не можат без апликациите на Google, не само што постои решение, туку тоа е и прилично едноставно. Секако, станува збор за „неофицијално“ решение кое корисниците го применуваат на сопствена одговорност, но според досегашните искуства на корисниците, нема премногу проблеми.
Решението беше понудено на страницата 9to5 Google и се што е потребно е да се отвори страницата izplay.net и да се кликне на „синото копче“ по што телефонот ќе го преземе Google Service Framework Installer. Потоа се инсталираат сите датотеки и Google Play Store.
Со „виртуелната продавница“ на Google веднаш достапни стануваат и сите останати апликации, па Huawei Mate 30 за неколку минути се претвора во целосно функционален „класичен“ Android.
Сепак, голема е веројатноста дека купувачите ќе го заобиколуваат овој уред затоа што ретко кој би сакал да плати повеќе од илјада евра, за потоа да прави разни модификации за да ги добие најстандардните апликации.
Поврзани артикли