Ако се прашувате како зимава ќе го стоплите вашиот дом и колку тоа ќе ве чини, запознајте ја револуционерната технологија на топлотните пумпи воздух вода Daikin Altherma – интегрирано решение за греење, ладење и санитарна топла вода кое ќе ви донесе нешто плус.

Daikin Altherma е комплетен систем за греење и ладење кој вклучува и опција за санитарна топла вода, со помош на нова технологија која ја користи, оваа топлотна пумпа претставува одлична замена за традиционалните системи за греење, благодарение на нејзината флексибилност и рентабилност.

За разлика од традиционалните системи за греење кои користат дрво, пелети, гориво или струја како извор на топлинска енергија, Daikin Altherma може да го загрее вашиот дом дури до 5 пати поефикасно користејќи струја (како главен извор) и надворешниот воздух, за зголемување на перформансите во однос на потрошената електрична енергија со цел да го направи вашиот дом поудобен и топол.

Топлотните пумпи извлекуваат топлина од надворешниот воздух, дури и во ладно време. Тие користат електричен компресор и се исклучително ефикасни при загревање на стан или куќа. Тивки и дискретни, топлотните пумпи Daikin Altherma користат најсовремена технологија за да ги одржат вашите сметки за електрична енергија што е можно пониски. Со топлотната пумпа Daikin Altherma, 75% од потрошената енергија за загревање на вашиот дом доаѓа од надворешниот воздух, бесплатен и бесконечно обновлив ресурс!

Бенефитите од Daikin Altherma се многубројни. Од одржувањето на оптимална собна температура, до помала потрошувачка на енергија. Совршено одговара за нови куќи или оптимизација на енергетската ефикасност на веќе постоечки. Без разлика дали градите нова куќа или ја подобрувате старата, Daikin Altherma ги соединува греењето, ладењето и топлата санитарна вода во еден систем и претставува идеалното решение за вас.

Daikin воведува технологии и производи кои се оптимизирани перфектно да функционираат во сите годишни времиња и е воедно водич во создавањето на поефикасни, рентабилни и еколошки решенија. Со Daikin го правите вистинскиот избор за вас и за вашиот паричник.

За повеќе информации околу можностите на Daikin, посетете ја нашата веб страна: www.daikin.mk .