Airbnb објави дека се подготвува да излезе на берза во текот на следната година. Компанијата е лансирана во 2008 година, а до денес прерасна во корпорација вредна 30 милијарди долари, што е повисока вредност од осумте најголеми хотелски ланци заедно.
Предвидувањето на компанијата за иднината се оптимистични. Само во вториот квартал оваа година имаа промет од милијарди долари, што е вредност која ја остварија по втор пат во својата историја. Првичните планови на Airbnb беа да излезе во јавноста оваа година, но еден од основачите Натан Блечарцук изрази сомневање дека тоа ќе биде можно.
Сепак, за разлика од споменатите компании, Airbnb стабилно остварува профит. Покрај тоа што имаат рекордна продажба, оваа година ги купија компаниите HotelTonight и Urbandoor, па се верува дека инвеститорите ќе имаат доволно слух и желба да ги купат нивните акции.
Извор: PC Press.rs