Со првото излегување на европската берза, една од најголемите технолошки инвестициски компании – јужноафриканскиот гигант „Насперс“, вредна речиси сто милијарди долари, стана третата највредна компанија на Амстердамската берза, веднаш зад „Ројал дач шел“ и „Унилевер“.
Иако за оваа групација слушнале малкумина, аналитичарите сметаат дека овој технолошки гигант може да им парира на светски познатите гиганти како Гугл, Фејсбук, Алибаба и Амазон.
Инаку, својот голем скок „Неспрес“ го оствари во 2001 година кога вложи речиси 32 милиони долари во кинески „Тенсент“, кој влегува во 200 азиски компании чија вредност надминува милијарда долари. Поради растот на вредноста на денешниот кинески технолошки гигант, тогаш сè уште малата компанија со седиште во Кејптаун набрзо стана лидер на својот пазар и само на таа инвестиција заработи 130 милијарди долари. „Неспрес“ денес држи 31 отсто од „Тенсент“.
Освен акциите во кинескиот гигант, компанијата ги има и германската доставна служба „Деливери хиро“, руската интернет-група „Mail.ru“ и OLX групата, која ја држи најголемата интернет-трговија во Босна и Херцеговина, „Olx.ba“.
Планот е акциите на сите компании што ги има „Несперс“ да се префрлат на „Просус“, со која и излезе на Амстердамската берза, додека матичната „Неспрес“ ќе држи 75-отстотен удел во неа. Според предвидувањата на експертите, овој јужноафрикански гигант и тоа како би можел да го стресе европскиот технолошки пазар со оглед на тоа дека освен германската софтверска компанија САП, Европа досега немаше компанија која би можела да им конкурира на американските и кинеските гиганти.
Извор: Bizlife.rs
Поврзани артикли