Дека социјалните мрежи ги собираат сите наши лични податоци одамна веќе не е тајна, ниту вест. Малкумина дури веќе и се нервираат кога ќе дознаат дека нивните податоци ги поседува некоја „трета“ страна.
Но, што е со порно страниците? Тие се едни од најпосетените на светот, некои важат за небезбедни, а критиките воглавно се насочени кон нивната чувствителност на малвер. Меѓутоа, истражувањето кое го спроведе германски Vice, за жал, покажува дека порно страниците масовно ги прибираат податоците на приватни корисници.
„Зад секоја порно страница стои технолошка компанија која добива интимни податоци за најприватните фантазии на милиони корисници“, е заклучокот на Себастијан Мејнек кој го спроведе истражувањето.
За почеток, Мајнек предупреди дека само неколку технолошки компании ги контролираат најпопуларните страници, а MindGeek е најголема од нив. Оваа компанија во своето портфолио ги има Pornhub, YouPorn, RedTube и MyDirtyHobby.
Според Мајнек, порно страниците се само „шминка“ за тоа што всушност го прават – исто како и социјалните мрежи, односно автоматско собирање на податоци за корисниците.
Не помага Инкогнито режим
Мајнек се пријавил како клиент за огласување на порно страниците, па добил огромен избор за тоа која ќе биде неговата целна група, односно од тоа дали неговиот потенцијален клиент преферира “Milf”, “BDSM” или “Anal”, па до тоа дали е хетеросексуалец, геј и транс. Исто така можел да избере и во кој регион, држава или град да се појавува неговиот оглас.
Тоа што посебно загрижува, доколку се соберат доволно специфични податоци, е дека страницата може да ве следи и да создаде „дигитален отпечаток“, што значи дека можат да ги следат вашите навики во текот на подолг период. Во спречувањето на тоа некој да знае за што се интересирате во врска со порнографијата нема да ви помогне ниту бришењето на „колачињата“, или пак “Incognito” модот.
На крајот целта е да се направи персонализиран рекламен профил. Експертите забезбедност предупредуваат дека ова не значи дека создавањето на „дигиталниот отпечаток“ некогаш ќе биде поврзан со вашето име, но од техничка перспектива тоа е и тоа како можно. Проблемот е во тоа што засега не постојат докази дека и такво нешто се случува.
Да бевме во Европска Унија…
Треба да се истакне дека во нешто подобра позиција се граѓаните на земјите кои што се дел од Европската унија, затоа што тие се законски заштитени.
За некој да ги прибира личните податоци на граѓаните од Европската унија, мора да докаже дека тоа го прави од „легитимни причини“. Сепак, песимистите велат дека тие „легитимни причини“ се широк поим и дека можат да се најде „дупка“ во законот.
Сепак, доколку мислите дека вашата приватност и безбедност е загрозена поради порно страниците, тогаш нема некое универзално решение кое ќе ги спречи компаниите кои се занимаваат со персонализација на рекламите да ги прибираат вашите податоци и навики. Да почекаме да влеземе во ЕУ, па можеби тогаш ќе имаме закон кој барем ќе може да нè заштити.