Wi-Fi Alliance објави дека „Wi-Fi Certified 6“ програмата е достапна за уредите, a Samsung Galaxy Note 10 и Note 10+ се први телефони кои добиваат сертификат за споменатиот стандард. Ова значи дека Note 10 линијата целосно ќе го поддржи новиот стандард и ќе им овозможи на мрежите да работат на оптимално ниво.
Galaxy S10 телефоните исто така имаат Wi-Fi 6 конекција, но се чини дека тие не добиле „овластена“ акредитација. Истото важи и за трите модели од iPhone 11 линијата.
Новиот Wi-Fi 6 им помага на уредите да заштедат батерија со помош на Target-Wakup Time функцијата, која телефонот го известува кога треба да се „разбуди“ за пренос на податоци, додека остатокот од времето го држи во фаза мирување. Тука се и подобрувања за MIMO и ефикасноста на кодирање, како и други подобрувања.
Извор: Benchmark.rs
Поврзани артикли