Од Кина пристигнуваат први фотографии од расклопувањето на новиот iPhone 11 Pro Max, кој открива изненадување во вид на батерија од 4000mAh. Попрецизно, батеријата има капацитет од 3969mAh, а ова се поклопува со она што го прикажа TENAA листингот.
Батеријата има брзина од 15.04Wh, што претставува зголемување од 25 проценти во однос на 12.08Wh батеријата за iPhone XS Max. Apple и овој пат користи батерија во облик на L, за да заштеди што е можно повеќе простор и да овозможи поголем капацитет.
Покрај ова, Apple најави дека користи рециклирани ретки елементи за креирање на Taptic Engine. Ова е голема работа, бидејќи Taptic Engine сочинува четвртина од сите ретки телефони кои се користат во телефонот.
Покрај наведеното, TENAA листингот, исто така, тврди дека iPhone 11 Pro Max има 4GB RAM-a, што ги потврдува неодамнешните извештаи од Geekbench.