Пребарувањето на интернет помага во лесно пронаоѓање на видео клипови, но не е од голема помоѓ доколку сте во потрага по одреден сегмент од видеото. Google сега сака да им помогне на корисниците така што ќе обележи специфични моменти во видеото, а ова е засновано на сугестиите (timestamp), кои ги обезбедил креаторот на видеото.
Индексирањето на видеата за почеток ќе биде достапно само за пребарувањата на англиски, кои вклучуваат YouTube видео. Google ги охрабрува корисниците и креаторите на видеа во своите клипови да додаваат timestamp-ови.
Сепак, Google не се потпира само на нив во описите на видеата. Компанијата повикува и на додавање на структурирани податоци во видеата, за да се помогне при прескокнувањето содржини, а CBS Sports и NDTV наскоро ќе нудат напредно пребарување.