Apple инвестираше 250 милиони долари во Corning и иновациите за идните производи

Иако Apple тоа не го спомена во текот на својата презентација, iPhone 11 моделите користат Corning Glass и од предната страна и на задниот дел. Apple, секако, истакнува дека ова е најотпорното стакло што некогаш е ставено на паметен телефон. Corning го снабдува Apple со засилено стакло уште од оригиналниот iPhone (како и секоја генерација на Apple Watch и поголем дел од iPad уредите).

Компанијата сега објави дека инвестирала 250 милиони долари во Corning, така што партнерството на двете компании ќе продолжи и во годините кои доаѓаат. Apple Advanced Manufacturing Fund претходно инвестирапе 200 милиони долари во Corning, во текот на 2017. година.

“Актуелната соработка ни овозможува да креираме витални нови можности за крајните корисници и да продолжиме со поместување на границите на она што е можно и натаму во иднината”, истакна Wendell P Weeks, претседател и извршен директор на компанијата Corning.

Apple од Corning досега купил стакло за своите мобилни гаџети во вредност од три милијарди долари.