На прашањето што ќе ги замени паметните телефони, одговорот на Марк Цукерберг гласи очилата со проширена реалност, на кои веќе некое време работи Facebook.
Facebook веќе одамна е многу повеќе од социјална мрежа. Денес тоа е и хардверска компанија која продава паметни екрани и очила за виртуелна реалност, а развива и сопствена криптовалута Libra.
Но, се чини дека ниту еден од тие проекти не е важен како Orion на кој Facebook работи веќе подолго време и кој би можел целосно да го промени начинот на кој комуницираме, пристапуваме и ги споделуваме содржините.
Станува збор за очила за проширена реалност коишто компанијата на Цукерберг ги развива со соработка со Luxottica, компанија која држи брендови како што се Ray Ban и Oakley и која што исто така соработуваше со Google за развој на паметните очила на технолошкиот гигант.
За првиот човек на Facebook, проектот “Orion” е еден од најголемите приоритети, затоа што доколку неговите предвидувања се покажат како точни, тогаш навистина би можеле да направат револуција на пазарот и да означат почеток на крајот на паметните телефони.
Интерните ограноци на Facebook веќе подолго време ги развиваат таквите очила, но досега нивните напори не вродиле со плод поради проблеми со дизајнот и димензиите, затоа што не можат да направат геџет кој ќе ги има димензиите како кај обичните очила, односно нема да биде наметлив, а истовремено ќе ги поддржува најновите технологии.
Со таквите очила ќе можеме да разговараме, би имале камера за фотографирање и пренос во живо на социјалните мрежи, а од внатрешната страна на стаклата би се прикажувала содржина, известувања и слично.
Извор: Zimo.hr