Со најновото ажурирање за Android, Viber ја претставува функцијата Create a Sticker, која овозможува креирање на сопствена колекција стикери без напуштање на апликацијата. Секоја колекција може да содржи до 24 стикери.
За да се почне со креирање на стикери, потребно е да се отвори нова алатка за креирање во “sticker market” секцијата мна платформата или преку менито во рамките на било кој разговор. Опцијата за едитирање/обработка ќе овозможи избор на сопствена фотографија, пред зумирање, ротирање или кропирање преку magic wand алатката. Можно е и додавање на декорации. Конечната креација може да се обележи како јавна или приватна, во зависност од преференците на корисникот.
Telegram и Gboard веќе имаат сопствени решенија за креирање прилагодени стикери, но функцијата на Viber е моментно многу полесна за откривање отколку онаа на Gboard и поедноставна за користење од решението на Telegram.