Јана, првата македонска јутјуберка, која започна да ги снима на македонски јазик своите авантури, создаде нов свет!
Станува збор за најновата епизода од анимираниот филм за деца ЈАНА во која девојчето Јана создава свет по инстант рецепт, а притоа го бои во разни бои!
Погледнете и сами на нејзиниот јутјуб-канал за што станува збор! Таму, Јана раскажува за своите необични авантури во Волшебната книжарница, ги носи своите најмлади гледачи во волшебниот свет на книгите и им ја развива љубовта кон читањето.
„Здраво, другарчиња! Јас сум Јана! Следете го мојот јутјуб-канал. Бесплатно е! 🙂 Гледајте ги моите видеа, читајте ги моите сликовници и бидете дел од моите неверојатни авантури во Волшебната книжарница“, стои на најновиот јутјуб-канал.
Покрај нејзините цртани на Јутјуб, децата наскоро ќе може да ги читаат и нејзините книги кои ќе може да се најдат во Просветно дело!
Втората епизода може да ја погледнете на следниов линк:
Поврзани артикли