Рен Женгфеи, основачот и извршен директор на Huawei, изненадувачки понуди да го продаде на западна компанија насобраното досега „ноу-хау“ за 5G, за да се решат грижите на САД и другите земји за безбедноста при работата со кинески производи.
Неговата изјава, цитирана од „Њујорк Тајмс“ и магазинот „Економист“, додава дека потенцијалниот купувач ќе биде слободен да го „смени кодот на софтверот“. Така би требало, без учество на Huawei, да се провери за можното присуство на т.н. „задни врати“ во програмите и да се отстранат сомневањата дека компанијата остава таен пристап преку нив до податоците на своите клиенти, објаснува „Би-Би-Си“.
Предлогот е мошне необичен, вели професорот Стив Цанг од SOAS University of London, затоа што „веројатно објаснувањето е дека Huawei признава дека тешко дека ќе може да ги заобиколи обидите на администрацијата на Доналд Трамп да ги намали нејзините можности да работи во Северна Америка, Западна Европа и Австралија“. Во моментов, САД и Австралија го затвораат пазарот за 5G технологии и опрема заа Huawei, а Велика Британија размислува да им се придружи.
„Тешко е да се замисли дека Nokia или Ericsson (главните европски алтернативи) би биле заинтересирани да ја купат. Тешко е за американска компанија да ја убеди администрацијата на Трамп дека така ќе располага со апсолутно напредна американска технологија“, додава Цанг. „И ако тие не можат да го гарантираат тоа, зошто да потрошат десетици милијарди долари, за нешто што брзо ќе се покаже застарено?“
Сепак, таквата трансакција ќе овозможи пристап до постојните 5G патенти, лиценци, кодови, технички планови и технолошки информации на Huawei, за тоа како се произведуваат. Портпаролот на компанијата потврди за „Би-Би-Си“ дека понудата на Рен Женгфеи е доста реална.
„Huawei е отворен за идејата да ги сподели нашите 5G технологии и техники со американски компании за да можат да градат своја 5G индустрија“, е точниот цитат од Рен во „Њујорк Тајмс“.Ова ќе создаде балансирана ситуација помеѓу Кина, САД и Европа “.
„Балансираната дистрибуција на интереси е погодна за опстанокот на Huawei“, рече пак тој за „Економист“.
Поврзани артикли