Американскиот производител најави дека годинава на европскиот пазар ќе лансира осум хибридни и електрични автомобили.
Ова, според агенцијата Reuters, е клучен чекор во напорите на компанијата овој вид на возило до 2022 година да имаат мнозински удел во вкупната продажба на Ford.
Ford, меѓу другото, во Европа планира да понуди уште 15 електрифицирани возила (хибридни и електрични) до 2024 година, вклучувајќи уште еден нов електричен теренец, базиран на Mustang.
Автомобилскиот производител во моментов минува низ процес на реструктуирање на деловните активности во Европа, откако во јуни најави укинување на 12.000 работни места, затворање на пет постројки и намалување на смените уште во некои фабрики во Европа до крајот на 2020 година, во обид да ја врати профитабилноста во европскиот регион.
Ford Europe со години губи пари, а притисокот за реструктуирање на бизнисот е засилен откако ривалскиот General Motors ги зголеми профитите со продажба на своите европски марки Opel и Vauxhall на француската компанија Peugeot.
Извор: Додај Гас