Најдостапниот iPad модел влегува во својата седма генерација со нов, поголем 10,2-инчен дисплеј со 3,5 милиони пиксели. Добива процесор A10 Fusion, кој излегува дека е двојно побрз од најпродаваниот лаптоп во САД оваа година, се вели во презентацијата.
Моделот сега ќе има можност да се поврзе со тастатура, со поддршка за Apple Pencil. Компанијата ветува до 10 часа траење на батеријата. Тежината е под 500 грама, а цената останува непроменета – 329 долари.
Apple Watch исто така има нов дисплеј – LTPO. Тој ќе остане вклучен, без тоа да го намали животот на батеријата од над 18 часа. Apple, кој се фокусира на здравјето со овој производ, ја вклучува можноста часовникот да нè предупредува доколку сме во бучна околина.
Сега доаѓа со алуминиум, челик, керамика и титаниумско тело.
Цените започнуваат од 399 долари за модел без 4G, а за оние со можност за гласовно повикување и самостоен Интернет подалеку од телефонот – од 499 долари.