Потврдени чипсетот и дисплејот на Google Pixel 4 XL

Протекувањето информации за Pixel 4 линијата телефони не престанува, а сега се појавија детали за датумот на претставување на новите Google телефони, како и своевидна потврда на карактеристиките на Pixel 4 XL моделите.

Реномираниот дојавувач Evan Blass (@evleaks) сугерира дека Google на 15. октомври ќе одржат презентација на Pixel 4 линијата. Ова го потврдува фотографијата која пристигнува од производителите за заштита на екранот, а укажува и на тоа дека Pixel 4 ќе има тенки рамки од трите страни, како и голема горна рамка. Во споменатата рамка ќе бидат сместени сензори за препознавање на лицето и Soli радар сензори за детекција на движење.

На втората фотографија е прикажан Pixel 4 XL, кој го покренува DevCheck Hardware and Software Info апликацијата. Може да се види дека Pixel 4 XL користи Snapdragon 855 чипсет (а не Snapdragon 855+). Покрај ова, големината на екранот е 6,23 инчи, додека потврдената резолуција на екранот изнесува 3040 x 1440 пиксели.

Pixel 4 и Pixel 4 XL би требало да имаат 90Hz дисплеи, 6GB RAM и две камери на задната страна. Pixel 4 XL ќе добие  3700mAh батерија, додека 5.7-инчниот Pixel 4 ќе има 2800mAh батерија. Секако, двата теелфона уште од старт ќе имаат Android 10.