Од Фондот за иновации 17 милиони денари во грантови се користат од страна на 54 училишта за иновативни проекти.

Денеска пак беше ставен потпис на 34 договори за млади истражувачи од основни и средни училишта.

Ова е втор јавен повик наменет за млади истражувачи а овој поттик според најавата на премиерот ќе продолжи и во следната година и истиот претставува отскочна даска за иновативните претприемачи.