По електричните автомобили, камиони, велосипеди и тротинети, на пазарот се појави и смарт-електрична бебешка количка.
Е-Стролер има два електромотора и сензор за намалување на напорот при туркањето количка угоре, а ќе ја подзапираат удолу. Системот, како паметен уред, ќе може и да препознава екстремни ситуации. На пр., при силен ветер, или пак, ако родителот изгуби контрола над управувањето со количката, таа автоматски ќе запре.
Со едно полнење на батеријата, количката може да мине околу 15 километри. Но, во внатрешноста има и резервни батерии, како и алат за нивна замена.
На количката родителот ќе може и да си го полни својот мобилен телефон или да ја поврзе преку Блутут. На тој начин, количката ќе може да „ни каже“ доколку некој се обиде да го земе детето.
Поврзани артикли