Во текот на IFA 2019 саемот, компанијата Acer ја освежи својата популарна линија Swift ултрапреносни лаптопи, кои сега ги имаат најновите Intel Core процесори од десеттата генерација и Windows 10.
Acer Swift 5 од 14 инчи е тежок само 990 грама и има нова дискретна Nvidia GeForce MX250 графичка картичка, а може да има уште помала тежина доколку корисникот одлучи да го задржи интегрираниот Intel Iris Pro GPU. Екранот содржи тенки рамки од три страни, со 86,4% screen-to-body однос. Лаптопот има USB 3.1 Type-C со поддршка за Thunderbolt 3. Тука се и dual-band Wi-Fi 6 (802.11ax) и поддршка за Windows Hello.
Swift 3 имплементира доста во своето 15.95 мм тенко куќиште, а ова го вклучува Intel Core i7-1065G7 од десетта генерација и опционална дискретна Nvidia GeForce MX250 графичка картичка. Тука е и до 512GB PCIe Gen 3×4 SSD, 16GB LPDDR4 RAM и dual-band Wi-Fi 6 поддршка. Батеријата на лаптопот трае до 12,5 часа и нуди опции за брзо полнење (за 30 минути полнење се овозможува до четири часа можност за репродукција на видео).
Поврзани артикли