„Визер“, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и лидер на авио-пазарот во Македонија, го објави својот еднодневен промотивен попуст од 20% на цената по седиште, за сите резервации на летови кои ќе бидат направени денеска, 4 септември, до полноќ. Попустот важи за сите резервации направени денес и се однесува на било која од од 149-те дестинации на компанијата.
Во Македонија, „Визер“ нуди вкупно 38 правци до 16 земји од своите два аеродроми во Скопје и Охрид, обезбедувајќи пристап од земјата до Европа и пошироко, овозможувајќи бизнис и останати патувања.
Само оваа година, „Визер“ започна да оперира на 4 нови дестинации од Скопје до: Баден-Баден, Бремен, Ларнака и Турку, како и 4 нови дестинации од Охрид до: Малме, Милано, започнато во Март 2019, Дортмунд започнато на почетокот на Јули и Меминген во Август.