Facebook наскоро би можел да ја почне фазата на анализирање и тестирање врз оснива на која ќе одлучи дали би требало да почне да го крие бројот на лајкови или не.

Истражувачката апликација Hane Manchen Wond пронајде код во Android апликацијата за Android кој е задолжен за криење на точниот број на лајкови на постот од сите, освен од лицето кое го поставило постот. Останатите корисници би виделе само неколку емотикони како реакции и известување дека постот го лајкнал пријател и други, наместо специфилчен број на други луѓе.

Facebook потврди дека размислува за тестирање на бројот на лајкови, но дека таа фаза се уште не почнала.

Тоа би имало смисол бидејќи Instagram веќе почна да го тестира криењето на бројот на лајкови, а има знаци дека тестирањето засега е успешно, бидејќи е проширено на повеќе држави. Луѓето кои се дел од тестот го одобруваат овој систем и признаваат дека има се допаѓа.

Иако лајковите се “заштитен знак” на Facebook веќе десет години, корисници се повеќе се жалат дека бројот на лајкови може да ги наведе да се чувствуваат лошо, бидејќи луѓето се грижат дали нивните постови ќе добијат доволно лајкови. Поради тоа, луѓето би можеле да се грижат дали нивните постови ќе добијат доволно лајкови. Поради тоа, луѓето би можеле да се откажат од објава на постови од страв дека нема да добијат лајкови или можеле да ги избришат постовите кои не “поминале добро” кога се работи за лајкови. Отстранувањето на бројот на лајкови би можело да го отстрани тој притисок.