Sony Walkman TPS-L2 беше претставен пред 40 години, засекогаш менувајќи го начинот на кој светот слуша и доживува музика. Тогашниот популарен Walkman брзо стана еден од најзначајните уреди во историјата на Sony.
За да го прослави објавувањето на Walkman, Sony оваа недела одржа изложба во Токио наречена „Walkman in the Park“. Место за изложба e паркот Гинза Сони, нов јавен простор лоциран на местото на една стара зграда на Sony која неодамна беше срушена.
Фокусот на изложбата беше ставен на искуството од користењето на Walkman и чувствата на неговите корисници. Оние кои немаа можност да го користат овој уред, изминатите денови имаа можност да слушаат музика на ленти преку евтини пластични слушалки. За момент сите се почувствуваа како да се наоѓаат во периодот на 80-тите години.
Поврзани артикли