Google има сериозни хардверски амбиции и веќе се подготвува за очекуваната премиера на Pixel 4. Компанијата постави амбициозна цел да изгради голема мрежа на добавувачи на компоненти во Азија. На овој начин, компанијата ќе се обезбеди дека имаат доволен број компоненти на паметни телефони по прифатлива цена.
За да ги реализираат своите идеи, компанијата одлучи да го пренесе производството од Кина во Виетнам, пишува Digital.bg
Податоците на Nikkei откриваат дека се работи на надградба на стар производствен погон, користен од страна на Nokia. Фабриката за која станува збор се наоѓа во провинцијата Бак Нинг, каде што Samsung произведува дел од своите мобилни уреди.
Ова ќе му овозможи на Google да има пристап до квалификувана работна сила, но и да ги намали трошоците за производство. Интересот за Виетнам е поттикнат од високите трговски давачки што произлегуваат од трговската војна помеѓу Кина и САД.
Поврзани артикли