Кога Honor објави дека 9X ќе биде наследник на серијата 8X, претставници на компанијата гордо се пофалија дека 8X е најпродаваниот телефон на подбрендот на Huawei. Honor 8X беше продаден во 15 милиони единици, од кои 10 милиони беа продадени во првите 173 дена. Сега изгледа дека Honor 9X со леснотија ќе го сруши овој рекорд.
Во текот на првите 29 дена од кога Honor 9X и Honor 9X Pro се пуштени во продажба во Кина, компанијата успеа да продаде над три милиони од овие телефони, односно се продавале над 100.000 телефони на ден.
Во секој случај не е изненадување што Honor 9X добро се продава. Уредите доаѓаат со најновиот 7nm Kirin 810 чипсет , различни опции за меморија и за складирање (од 4 GB / 64GB до 8GB / 256GB). На задната страна има и две односно три камери, во зависност од моделот.
Големиот екран од 6,59 инчи нема засеци или отвори за камера, а сензорот за селфи од 16MP е сместен во моторизиран поп ап механизам.
И покрај привлечните спецификации, цената е веројатно она што најмногу ги привлекува корисниците од Кина, каде што Honor 9X се нуди за 210 и 335 долари (конвертиран од кинески јуани) во зависност од бојата и конфигурацијата за меморијата и складирањето.