Google Maps неслучајно е најпосакувана услуга за навигација кај стотици милиони корисници. Популарната платформа е вистинското решение, без разлика дали возите, сте на велосипед, шетате или користите јавен превоз.
Се повеќе и повеќе луѓе комбинираат различни начини на патување во нивната дневна рутина за да стигнат до посакуваната локација што е можно побрзо, пренесува Digital.bg
Со новиот апдејт, корисниците ќе можат да добијат навигација за транзит помеѓу две локации, дури и кога користат велосипед или заеднички превоз. За да го сторат тоа, треба да ја отворат опцијата Transit во мобилната апликација, каде што ќе најдат повеќе информации.
Доколку користат заеднички превоз, ќе можат да видат колку ќе чини патувањето, колку време треба да се чека, дали има сообраќај, кога ќе пристигне автобусот или метрото итн, пренесува The Verge.