Погледнете кои се најчестите грешки на корисниците, и како стануваат ранливи за хакерите низ целиот свет.

Емисијата „Motherboard“ направи истражување за тоа колку е опасен светот доколку компјутерските системи, но и личните телефони, телевизори и практично секоја модерна технологија не се земе со доза на сомнеж во врска со безбедносниот проблем кој овие компоненти кои стануваат секојдневие на нашите животи може да го претставуваат.

„Во моментов се наоѓаме на многу поопасно место отколку што бевме пред 20 години. Сега е возможно да вратиме едно општество 100 години назад во времето, со еден клик од половина планета подалеку користејќи софтвер“, вели компјутерскиот експерт и хактивист Анг Цуи.

Имено, секоја модерна направа во себе има интегрирано таканаречени „вметнати компоненти“ кои не се видливи, но го контролираат секој аспект на компјутерскиот систем (кој практично е дел од секоја технолошка направа на денешницата), и истите може да бидат лесно злоупотребени од хакери кои подоцна би можеле со податоците стекнати од вас да ви наштетат на најразлични начини. Од кражба на идентитет, до уцени и закани за објавување на сензитивни информации доколку не ги исполните нивните барања.

Погледнете кои се најчестите грешки на корисниците, и како стануваат ранливи за хакерите низ целиот свет.