Samsung конечно и официјално ги претстави Galaxy A30s и Galaxy A50s, своите нови паметни телефони од Galaxy A серијата. Во однос на основните Galaxy A30 i Galaxy A50 модели претставени пред шест месеци, новите модели донесуваат подобрувања во однос на камерата. Резолцуијата на камерите е зголемена, а Galaxy A30s Во однос на Galaxy A30 добива една камера повеќе, додека сензорот за отпечатоци од прсти сега е интегриран во екранот.
Samsung Galaxy A30s донесува тројна задна камера, која се базира на еден 25-мегапикселен сензор, еден пет магапикселен сензор за длабочина и еден 8-мегапикселен широкаголен сензор. Селфи камерата се базира на 16-мегапикселен сензор.
Екранот е 6,4-инчен Infinity-U Super AMOLED s HD+ со резолуција (1560 X 720 пиксели), а присутен е и осмојадрен чип на работен такт од 1,8 GHz, 3 или 4 GB RAM и 32, 64 односно 128 GB интерна меморија за складирање на податоци (проширлива со microSD картички до 512 GB). Батеријата има капацитет од 4000 mAh (поддршка за брзо полнење од 15 W преку USB Type-C приклучок).
Што се однесува до боите, Galaxy A30s ќе боде достапен во Prism Crush црна, Prism Crush бела, Prism Crush зелена и Prism Crush виолетова верзија.
Samsung Galaxy A50s донесува осмојадрен Exynos 9610 чип на такт од 2,3 GHz, 6,4-инчен Infinity-U Super AMOLED екран со FHD+ резолуција (2340 x 1080 piksela), 4 или 6 GB RAM и 64 односно 128 GB интерна меморија (проширлива со microSD картички до 512 GB).
Фотографската компонента на овој телефон се базира на главниот 48-мегапикселен сензор, на кој му се придружуваат еден 5-мегапикселен сензор и еден ултраширок сензор од 8 мегапиксели. Од предната страна се наоѓа 32-мегапикселна селфи камера.
Поврзани артикли