На тој начин ќе може да се испраќаат информации за рехабилитацијата на пациентот и техничката состојба на протезата.
Три лица со инвалидитет од Иркутската област во Русија добија нови протези со применети иновативни технологии. Во помагалата се вградени интернет чипови на компанијата „Моторика“ од Сколково, соопшти службата за односи со јавноста на регионалното одделение на Фондот за социјално осигурување на РФ.
Протезите сега ќе можат да пренесуваат информации за рехабилитацијата на нивните сопственици и за техничката состојба на опремата. Ќе биде овозможена контрола на состојбата на протезата и поправката, како и нејзина замена доколку е потребно. Чиповите исто така ќе им овозможат на пациентите и консултација со лекар преку специјална апликација.
Во моментов Иркутската област е најнапредниот регион во Русија во однос на снабдувањето на хендикепираните лица со протези со високофункционални протези.
„Благодарение на вградувањето на чипот ќе можеме да бидеме во контакт со сите корисници и на далечина да ги отстрануваме компликациите при закрепнувањето и да ги запреме неисправностите“, рече генералниот директор на „Моторика“ Илја Чех.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли