Intel го претстави својот прв процесор со вештачка интелигенција

Intel го претстави својот прв процесор со вештачка интелигенција (AI) за употреба во големи центри за податоци, објави „Ројтерс“.

Чипот создаден во центарот за развој на компанијата во Хаифа, Израел, е познат како Nervana NNP-I или Springhill, и работи на 10- нанометарскиот процесор Ice Lake кој ќе му овозможи да се справи со тешки оптоварувања, користејќи минимална енергија.

Intel соопшти дека првиот AI производ на компанијата доаѓа по инвестициите во израелски стартапи за вештачка интелигенција, вклучително Habana Labs и NeuroBlade. Социјалната мрежа Facebook веќе започна со користење на новиот процесор.

Концептот на вештачка интелигенција насекаде бара справување со огромната количина на генерирани податоци. Организациите мора да имаат опрема за ефикасно да ги користат своите податоци и да ги обработуваат таму каде што се собираат, вел Навин Рао, генерален директор на AI единицата во Intel.

На компјутерите им треба забрзување за комплексни апликации со вештачки интелект, додаде Рао. Новиот хардвер ќе им помогне на процесорите на Intel Xeon во големите компании, каде што расте потребата за софистицирано компјутерско работење во областа на AI.