Австралиските власти почнаа да користат дронови за полесно да ги воочуваат крокодилите кои се појавуваат во близина на капачите, известува BBC.
Дроновите се користат во Квинсленд во Австралија, а се развиени со заеднички сили на Little Riper Group и Универзитетот за технологија во Сиднеј. Овие дронови, благодарение на AR технологијата можат да откријат до 16 видови различни видови водени животни, вклучувајќи ги и ајкулите, а системот е прецизен до 93 проценти.
Дроновите се опремени со сирени, звучници и пловечки средства и можат да ги предупредат пливачите и да им пружат помош во случај на опасност.
“Ова е одличен начин на употреба на дроновите, ни помага да ја зголемиме сигурноста на јавноста и е многу корисен”, истакна професорот Serge Wich.