Оваа година, Redmi објави три телефони од Note 7 серијата, вклучувајќи ги моделите Redmi Note 7, Note 7 Pro и Note 7S. Според компанијата, трите телефони заедно успеале да испорачаат повеќе од 20 милиони примероци на глобален план.
Интересно е што минатиот месец Redmi објави дека се испорачани 15 милиони уреди од Note 7 серијата. Ова значи дека во текот на изминатиот месец Redmi успеа да продаде уште пет милиони Note 7 телефони.
Засега нема многу детали за Redmi Note 8 телефонот, но се верува дека во прашање е првиот Redmi паметен телефон кој ќе има 64MP Samsung ISOCELL GW1 сензор за камера.
Извор: Benchmark.rs