Џиновски атомски облак се формирал над унгарското езеро Балатон во селото Алсоорс во петокот, пренесува „Спутник“.

Спектакуларниот феномен се нарекува влажен микроизлив. Дел од облакот над езерото се измешал со силен локализиран дожд, што довело до зашеметувачко виножито на површината на водата.

„Во тоа време имаше луѓе што пливаа во езерото. Облакот беше спектакуларен. Не сум видел такво нешто порано“, вели режисерката Александра Грегор.

Ваквите микроизливи може да бидат катастрофални за авионите што летаат во тој дел, а тие генерират моќни вертикални удари од ветер (долна струја), бура или дожд. Обично се видливи од неколку секунди до неколку минути.