Веќе долго време се појавуваат гласини дека Motorola планира да ја оживее Razr линијата, чиј најнов член ќе биде првиот флексибилен телефон. Сега се појавија нови детали за уредот. Како што и се претпоставуваше, во прашање е модел од средната класа, кој во Европа би требало да биде објавен во декември или во јануари следната година. Цената на смартфонот ќе изнесува 1500 евра.
Флексибилниот Motorola Razr ќе се свиткува на начин на кој тоа го правеа и традиционалните Razr модели. Исто така, ќе биде присутен помал екран однадвор, кој ќе прикажува известувања и статус на иконата. Финалниот дизајн би требало да биде многу сличен на фотографиите од текстот, кои претставуваат концепт рендери, кои ги креираше Саранг Шет од Yanko Design.
Претходните гласини сугерираа дека новиот Razr ќе има Snapdragon 710 чипсет, 4GB/6GB RAM, 64GB/128GB простор за складирање, а ќе го напојува батерија од 2730mAh. Дисплејот на телефонот од 6,2 инчи ќе има резолуција од 2142 x 876p, додека надворешниот панел ќе има 800 x 600 пиксели.
Поврзани артикли