Со помош на Фондот за Иновации, Пакомак е првата македонска компанија која го воведува светскиот тренд во рециклирањето –повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки
За многумина овој процес е напорен и одзема премногу енергија, па затоа Пакомак ќе се обиде да ги мотивира граѓаните на Македонија да се приклучат на едноставен начин преку воведување на повратнивендинг машини т.н. наречени SmartBin, кои ќе функционираат во склоп на ecoMac – систем на стимулација кој ги наградува луѓето што селективно одложуваат отпад преку награди, попусти или некои останати придобивки. Ваков проект досега не сме имале на територијата на Македонија и претставува вистинска иновација на полето на собирање и рециклирање на комунален отпад.
Што е идејата на поставувањето на повратни вендинг машини (ПВМ)?
Целта е да се мотивираат граѓаните што поефикасно и побрзо да се вклучат во процесот на селективно одложување отпад, а со самото учество во процесот да бидат соодветно наградени со т.н “зелени поени” кои може да ги користат за плаќање производи и јавни услуги (на пр. комунални такси, билети за јавен превоз, паркинг и сл.). На почетокот, Пакомак ќе постави машини во неколку општини низ земјата, а долгорочниот план опфаќа поставување на машини на целата територија на Македонија. Проектот е наменет за сите граѓани, без разлика на возраста и социјалниот статус, а и системот на награди е приспособен за сите групи во општеството. Првиот прототип се очекува во првата половина на 2020 година.
Кој е принцип на работа на повратните вендинг машини на Пакомак?
Иако работи на истиот принцип како стандардните вендинг машини (се стават пари, се добива проивзод), поради обратниот процес (се става производ, се враќаат пари) таа се нарекува „повратна вендинг машина“. Она што започна како експеримент во 1970-тите во Норвешка, денеска е многу успешен глобален проект кој на еден едноставен начин ја одржува нашата планета почиста, истовремено поттикнувајќи ги луѓето да рециклираат отпад.
Иако досега не беа застапени во Македонија, повратните вендинг машини не се нов концепт во светот. Вообичаено, постојните ПВМ работат на многу едноставен концепт: корисникот/ граѓанинот во машината става отпад за рециклирање во форма на производ (пластично шише, лименка, стаклено шише), а за возврат добива вредносен купон или пари.
ПВМ на Пакомак ќе примаат пластични шишиња и лименки, истите ќе пресуваат и складираат. Преку псоебна апликација на своите мобилни телефони, граѓаните кои го одлагаат овој тип отпад во ПВМ на Пакомак ќе собираат т.н “зелени поени” со кои ќе може да плаќаат јавни услуги или производи во малопродажбата. Бизнис моделот на Пакомак ќе вклучи мрежа од јавни институции, општини, производни компании и рециклатпри на отпад, а во секопј моментќе има и податок колку парчиња амбалажен отпад се рециклирани, од кој бренд се тие и кој матетијал.
Исто така, системот на Пакомак ќе препознава кои граѓани се најеколошки совесни и рециклираат најмногу шишиња во текот на годината, со што се дава можност за добивање на дополнителни бенефити за тие совесни граѓани.
Што е разликата на системот на Пакомак од системите во другите земји?
Во западните земји овие т.н депозитни системи се воведуваат на цела територија на државите и резултираат со покачување на цените на производите на пијалоците за 10 до 50 евроценти по парче, пари кои ги плаќаат во старт граѓаните/купувачите како еден вид депозит за амбалжата од производот што го купиле. Во моментот кога ќе ја вратат амбалажата од тој прoизвод во ОВМ апаратот, тие си ги добиваат тие пари назад како кеш или во форма на купон со кој може да платат во супермаркетот каде е поставена ОВМ. Значи, граѓаните ги добиваат своите пари (депозитот) кој го платиле при купување на производот, како награда за селекција на отпадот.
Во системот на ОВМ на Пакомак, цените на производите остануваат исти, а граѓаните добиваат зелени поени кои со апликацијата може да ги конвертираат во попуст за плаќање јавни услуги или купување производи во супермаркети кои ќе бидат дел од мрежата на Пакомак системот.
Прва предност на системот на Пакомак сп ОВМ е што не мора да биде воведуван на ниво на цела држава туку може да оди општина по општина. Со тоа се намалува почетната потреба од големи инвестиции во неколку стотина ОВМ одеднаш.
Втора предност е што граѓаните добиваат навистина екстра заштеда (или приход), а не сопствените пари кои ги дале како депозит со купување на производот. Со тоа неколку стотина илјади евра би се вратиле на оние граѓани кои имаат совесен пристап кон селекција на отпадот.
Трета предност е што ОВМ на Пакомак ќе биде македонски производ со значително пониска цена од постојните светски модели и пониска цена на одржување. Тоа го прави овој модел пристапен за помасовна употреба и побрзо покривање на цела територија на земјава. Материјалот собран во овие ОВМ е многу чист со можност за 100% рециклирање.
Системот ќе биде одржлив и Пакомак веќе договара детали со општините, производителите и рециклаторите кои првично сакаат да бидат дел од системот. Проектот се развива заедно со ИНОФЕИТ при УКИМ, како партнер на Пакомак во овој проект поддржан од Фондот за Иновации и технолошки развој.
Практиките на рециклирање се добро познати низ светот уште одамна, но се добива впечаток дека во нашата земја свеста за овој процес на преработка на материјали е на ниско ниво, посебно ако се спореди со земјите од Западна Европа. За промена на навиките кај населението е потребно време, но Пакомак веќе со години работи на подигање на свеста кај граѓаните, а овој проект е уште еден чекор во таа насока. Преку нивната собирачка мрежа се собира над 25.000 тони отпад од пакувања годишно, во кои е вклучено: стакло, пластика, хартија, метал, дрво и композит, и со тоа е најголемиот систем за собирање на отпад во Македонија и многу успешно работи скоро цела деценија. Но, од компанијата сметаат дека обемот за рециклирање треба и мора да биде уште поголем.
Преку реупотреба на отпадот, рециклирањето помага да се намали: загадувањето на воздухот и водата, употребата на енергија, потребата за сировини како дрво, пластика и минерали. Со рециклирање се намалува загадувањето предизвикано од производството на нови производи, што е еден од најголемите фактори за намалување на емисиите на штетни гасови – проблем кој редовно ја мачи нашата земја, а особено главниот град. Во светот во кој живееме, каде што природните ресурси ги снемува од ден на ден, рециклирањето е од огромна важност и не смее да биде потценето.
Скандинавските земји котираат многу високо на листата на најуспешни рециклирачи во светот, заедно со Словенија, Јужна Кореја и Австрија, а на самиот врв е Германија, каде дури 68% од вкупниот комунален отпад во минатата година беше успешно рециклиран. Како го постигнаа тоа? Најпрво, овие земји успеаја да ги едуцираат граѓаните за бенефитите од рециклирањето и најдоа начин за сите да бидат вклучени во процесот. Сега, нивните граѓани знаат како и што може да се рециклира, можат да идентификуваат и да одвојуваат различни видови отпад и имаат волја да учествуваат во иницијативата за рециклирање, а имплементирањето на обратни вендинг машини одигра голема улога во тоа. Вреди да се истакне и примерот на Финска, чии жители преку обратните вендинг машини вратија дури 90% од вкупниот број на амбалажи од пијалаци, со што ја направија оваа земја лидер во светот кога се работи за враќање и рециклирање на амбалажи.
Поврзани артикли