Samsung ја одржува својата позиција на еден од водечките производители на дисплеи, а една од последните иновации во линијата на производи на брендот се Quantum Dot OLED (QD-OLED) панелите. Компанијата веќе ја користи Quantum Dot (QD) технологијата за своите телевизори, додека OLED панелите се главна одлика на мобилната дивизија на компанијата веќе повеќе од деценија. Сега Samsung сака да го спои најдоброто од двете технологии во едно решение.
Новиот извештај од Јужна Кореја тврди дека Samsung веќе почнал да го ограничува и намалува производството на LCD дисплеи во своите погони, а причината за ова се намалената побарувачка и профитабилност. Потегот ќе овозможи и повеќе средства да се насочат кон новите QD-OLED панели, но не е познато кога ќе дибитира оваа технологија.
Quantum Dot технологијата во суштина претставува комбинација на традиционалните LCD и OLED дисплеи. Овие екрани не користат позадинско осветлување, но имаат индивидуално осветлени сини LED-ови, кои светлината ја конвертираат во црвена и зелена, а при тоа трошат помалку енергија. QD-OLED панелите ќе користат сини OLED пиксели и quantum точки од LED-овите за уште подобра ефикасност и прецизност на бои.